90 години од постоењето на ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид
Научна установа која девет децении го проучува и заштитува уникатниот биодиверзитет во Охридското езеро.
Нашиот музеј во знак на признание и благодарност за успешната соработка доби плакета од ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид. Плакетата ја прими директорката на музејот Цветлана Василевска. Горди на меѓусебната соработка на PSI Hydrobiological Institute им го честитаме јубилејот и им посакуваме уште многу години успешна работа, нека овој јубилеј биде само почеток на нови и поважни научни достигнувања во иднина.








